Хусеин-шахова џамија (позната и како Џамија на Хусеин-шах) — џамија во скопската населба Сарај, сместена на самиот влез во населбата. Џамијата претставува дел од културното наследство на Македонија.
Местоположба
Комплексот на џамијата се наоѓа на околу петстотини метри од мостот на Вардар, на самиот влез кон населбата Сарај.
Историја
Џамијата била подигната од санџакбегот Хусеин-шах кон средината на век, во тогашното село Сарај.
Истата започнала да биде градена во 1553 година и била завршена во 1566 година. Според натписот над влезот во џамијата, градбата била завршена со градење кога Хусеин-шах веќе бил покоен.
Џамијата неколкупати била оштетена. Најпрвин при опожарувањето на Скопје од страна на Пиколомини во 1689 година, потоа за време на бугарската окупација во Втората светска војна, како и за Скопскиот земјотрес. После тоа, преземени се бројни зачувувачки зафати, кои видно го измениле изгледот на џамијата.
Во 2017 година, биле извршени сондажни археолошки истражувања, кои биле потребни за изработка на проект за зачувување и реставрација на џамијата. По нив следеле конзерваторски работи на градбата, турбето и двориштето и истите завршиле во 2018 година. Пред џамијата бил подигнат нов стаклен трем.
Архитектура
Комплексот на џамијата го сочинуваат една џамија, турбе, гробови на турски достоинственици, шадрван и други административни градби. Се знае дека во минатото постоела и медреса, која денес е срушена и не се знае нејзината точна местоположба.
Џамија
Има квадратна основа засводена со купола, а денешниот изглед на тремот го добил по рестраврацијата од Скопскиот земјотрес во 1963 година.
Била градена од камен, а куполата е поставена на низок осумаголем тамбур и е покриена со ќерамиди. Во неа се влегува од север, директно преку врата со камена рамка и скромно украсен портал, односно плитка ниша во која е вградена мермерна плоча со натпис на арапски букви.
Тремот првично не постоел, но со последните конзерваторски зафати била изградена современа верзија на трем каде е сместено душемето за молење.
Минаре
Минарето на џамијата се наоѓа на западната страна, тоа е витко и е висока 22,5 метри. Била изградено од обработен камен. Под шерефето се наоѓаат убави сталактитни украси. Скалите се составени од 80 скалила.
Турбе
Во дворот на џамијата се наоѓа шестострано затворено турбе, во кое е погребан самиот ктитор на џамијата, Хусеин-шах (1566/1567 г.).
Наводи
Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Џамии во Скопје Категорија:Знаменитости во Скопје Категорија:Отомански џамии во Македонија Категорија:Џамии во Скопското муфтиство Категорија:Сарај