Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Чешиново; скратено: ПООУ „Страшо Пинџур“) — подрачно основно училиште во кочанското село Чешиново, во состав на истоименото училиште од селото Соколарци, Општина Чешиново-Облешево.
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Страшо Пинџур.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во селото Чешиново.
Историја
Училиштето било изградено во 1969 година.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик. Покрај учениците од Чешиново, во него учат и учениците од околните села Уларци и Спанчево.
Услови
За реализирање на воспитно-образовната дејност училиштето користи 10 училници, од кои еден е кабинет по англиски јазик – во кој има интерактивна табла за потребите на наставниците при примената на ИКТ во наставата, еден кабинет по информатика, како и една фискултурна сала која за жал во моментов не е оспособена за користење и два спортски терени за реализација на наставата по физичко и здравствено образование.
Во склоп на училиштето работи и училишната библиотека која има задоволителен број на лектирни изданија. Во ова училиште се наоѓаат и просториите за раководниот кадар на училиштето и тоа: канцеларија на директорот, канцеларии за педагогот и секретарот на училиштето, наставничка канцеларија, како и простории за техничкиот персонал.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Чешиново-Облешево Чешиново Категорија:Чешиново