Св. Богородица — археолошко наоѓалиште во битолското село Долно Егри.

Претставува населба од неолитско време . На околу 200 м североисточно од Горно Егри е сместена голема тумба на чиј врв е изградена црквата „Св. Богородица“. На нејзината површина е пронајдена неолитска керамика, но и фрагменти од бронзено време и антиката, што укажува на фактот дека на ова место се живеело во неколку одделни периоди. Иако нејзиниот врв е оштетен од градежните зафати поврзани со црквата, сепак поголемиот дел ја има задржано автентичната висина, бидејќи на неа не се врши земјоделска обработка на почвата. Од тие причини, таа претставува една од највисоките и најдобро сочуваните пелагониски тумби на кои е пронајден неолитски археолошки материјал.Гоце НАУМОВ, Слободан СТОЈКОСКИ, НОВИ ПРЕДИСТОРИСКИ ТУМБИ ВО ПЕЛАГОНИЈА, стр. 169, Зборник на трудови 2015 г., Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола.

Поврзано Св. Богородица — населба од неолитско време; Св. Петка — населба од неолитско време; Долно Егри Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Долно Егри