Над Чешма — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Ќоселари. Претставува населба од неолит, хеленистички период и римски период . На околу 200 м северно од селото, во нивите на П. Костов и К. Николов, од двете страни на полскиот пат што води за селото Сарамзалино се наоѓаат тегули, имбрекси, како и фрагменти од керамички садови од различно временско и културно потекло. Поголема концентрација на неолитска керамика се чувствува во источниот крај на наоѓалиштето.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 362, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Банка Трла — населба, базилика и некропола од доцноантичкото време; Јурутлук — населба од неолитското време; Крангова Бавча — населба и некропола од доцноантичкото време; Манастир — средновековна населба и црква; Над Чешма — населба од неолитското, хеленистичкото и римското време; Ќоселари; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Ќоселари