Крангова Бавча — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Ќоселари. Претставува населба и некропола од доцната антика. На 1,5 км северозападно од селото, во нивите на Ѓ. Костов и К. Николов се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули и градежен материјал. Во југоисточниот дел на наоѓалиштето се пронајдени камени плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 362, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Банка Трла — населба, базилика и некропола од доцноантичкото време; Јурутлук — населба од неолитското време; Крангова Бавча — населба и некропола од доцноантичкото време; Манастир — средновековна населба и црква; Над Чешма — населба од неолитското, хеленистичкото и римското време; Ќоселари; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Ќоселари