Селиште — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Мала Црцорија. Претставува населба и некропола од доцна антика. На мал рид со зарамнето плато се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. На северната страна на наоѓалиштето се откриени повеќе гробови градени од камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 196, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — градиште од доцната антика; Селиште — населба и некропола од доцната антика; Црквиште — населба од доцната антика; Мала Црцорија; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи