Зоран Китанов (11 јуни 1963, Струмица) – македонски политичар и поранешен директор на ЈП за Државни патишта.

Образование Дипломирал на Правниот факултет, отсек правосудство, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Кариера По дипломирањето, започнува со работа во меѓународна шпедиција, каде и како раководител работел до 1997 година. Потоа продолжил со работа во АД Македонски Телеком како раководител за правни работи, каде останал до 2005 година.

Во 2011 година, тој започнал со работа како Директор во ЈП „Струмица-Гас“ и го спроведувал проектот за гасификација на Општина Струмица.

Следните шест години продолил со остварување на проектот гасификација на Струмица и остварил 35,000 метри гасоводна мрежа, декомпресиска станица со сместивост од 2500 м3/час, преку 30 мерно регулаторни станици и др. Во текот на целиот овој период се направени и првите гасни приклучоци на домаќинства во Македонија, а во понатамошниот период и на стопански субјекти и отпочната е остварување на гасификација на земјоделски парцели со цел да биде прекинато со користење на дрвото како загревен елемент на оранжерии како би било спречено сечењето на шумите и зголеменото загадување на животната средина.

Китанов е добитник на општествени признанија и награди за овој проект, а учествувал и на многу дебати и конгресни гостувања, вклучително и како демонстратор на симпозиуми, организирани од страна на амбасадите на САД И ЕУ.

Во изминатите години учествува и на симпозиуми на Енергетската заедница со седиште во Виена, каде ЈП „Струмица-Гас“ е прва установа од Македонија, примена во оваа заедница.

Наводи

Категорија:Родени во 1963 година Категорија:Политичари од Струмица Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје