Мила Трајковиќ (17 ноември 2000, Куманово) – македонска ракометарка.

Кариера Трајковиќ својата ракометна кариера ја започнува во ЖРК Куманово, каде најпрвин игра во младинскиот состав, а подоцна и во сениорскиот тим со кој во 2019 година го освојува Купот на Македонија.

Добива награда за најдобра ракометарка на Фајн фор турнирот од Купот на Македонија во 2019 година.

Од 2017 година е дел од младинската ракометна репрезентација на Македонија.

Категорија:Македонски ракометарки Категорија:Родени во 2000 година