Александар Ивановски Карадаре (роден во 1943 година, ) — македонски вајарАлександар Ивановски Карадаре.

Животопис Тој бил роден во Прилеп, тогаш во Царството Бугарија, односно за време на окупацијата во Втората светска војна.

Тој станал член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија во 1967 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана во 1968 година.

Автор е на неколку самостојни изложби во Македонија и во странство, учествувал на повеќе значајни збирни изложби во странство: Белград, Загреб, Панчево, Пореч, Мурска Собота, Будимпешта, Букурешт, Валета, Каиро, Нирнберг и др.

Карадаре за своето творештво е добитник на многу награди, од кои : 1972, Струмица, награда за Споменик на Гоце Делчев; 1980, награда Нерешки мајстори за скулптура, од изложбата на ДЛУМ; 1982, награда за споменикот посветен на депортирањето на Евреите, итн.[https://www.kic.com.mk/mk/content/nacionalna-galerija-na-makedonija-proekt-izlozhba-na-skulpturi-od-aleksandar- Изложба на скулптури од Александар Ивановски-Карадаре

Наводи

Категорија:Македонски вајари Категорија:Југословенски вајари Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Членови на ДЛУМ Категорија:Апсолвенти на Љубљанскиот универзитет