Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во кавадаречкото село Шешково, Македонија.

Црквата се наоѓа околу 400 метри северозападно од селото во воздушна линија.

Историја

Црквата е многу стара, а била обновена во 1872 година. Истото е запишано на натпис, кој се наоѓа над западниот влез во црквата, во нишата каде е насликан самиот лик на Богородица.

Архитектура Фрескоживопис

Целата црква е живописана. Зографи биле Петре и неговиот син Глигор од селото Тресонче.

Галерија

Поврзано Шешково Повардарска епархија Кавадаречко архијерејско намесништво Маренска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Шешково Шешково Категорија:Дела на Дебарската школа