Богатиница — археолошко наоѓалиште во кочанското село Жиганци. Претставува населба од неолитско и доцноантичко време. На 1 км јужно од селото, на пространа адина на левиот брег на Злетовска Река, на површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови со претежно сива боја, а се откриени и темели од објекти градени од кршен камен и варов малтер, како и неколку питоси. Според кажувањето на селаните, бил најден и поголем бој монети.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 175, ISBN 9789989101069
Поврзано
Жиганци; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.
Наводи