Вишин Дол — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба и топилница од доцноантичко време.
На 2 км источно од селото има висок рид со зарамнет врв на кој се зачувани остатоци од темели на бедем, а на површината има фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Во подножјето на ридот, во нивата на М. Неделкоски, освен фрагменти од керамика, се среќава и згура од топена железна руда.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Охридско
Наводи