Тополичка Чешма — археолошко наоѓалиште во околината на село Долни Дисан. Претставува храм и некропола од римското време. На 2 км југозападно од селото, на едно зарамнето плато е откриен гроб од типот циста. Исто така се откриени надгробна стела и монета на Пробус. Во поблиската околина на теренот има расфрлена мермерна архитектоска пластика, архитравни греди, мермерни блокови и др.Коцо, Димче, Грозданов, Цветан (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 232, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Барите – Кочеви Грамади — храм и некропола од римското време; Градиште — населба, храм и некропола од римското време; Голема Страна — населба од доцноантичкото време; Грамади — населба од хеленистичкото, римското и доцноантичкото време; Двата Гроба — вила рустика и некропола од римското време; Змијавец — палеонтолошко наоѓалиште; Такрагина Чешма — населба доцноантичкото време; Ќофкарец — осамен наод од римското време; Долни Дисан; Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско;

Наводи

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Неготино Категорија:Долни Дисан