Кале — археолошко наоѓалиште во историското скопско село Варвара, денес во атарот на Ракотинци, Општина Сопиште. Претставува утврдена населба (опидум) од раноантичкото време.

На 1 км југоисточно од селото, 150 м над Маркова Река, на висока тераса се гледаат остатоци од утврдена населба која зафаќала простор од 155 × 130 м. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Скопско

Наводи