Исламската Нова година (, Ра'с ас-Санах ал-Хиџријах), исто така наречена хиџранска нова година или арапска нова година, - денот што означува почеток на новата хиџранска година и е денот на кој се зголемува бројот на годините. Првиот ден од исламската година муслиманите го обележуваат на првиот ден од месецот мухарем. Епоха (наводен датум) на исламската ера била поставена како 622 нова ера (н.е.), година на преселбата на Мухамед и неговите следбеници од Мека во Медина, позната како хиџра.The Beginning of Hijri calendar Paul Lunde, Saudi Aramco World Magazine (ноември/декември 2005), посетена на 31 декември 2020. Сите верски должности, како молитва, пост во месецот Рамазан и аџилак, и датумите на значајни настани, како што се славење на свети ноќи и празници, се пресметуваат според исламскиот календар.

Додека некои исламски организации претпочитаат да го одредуваат новиот месец (а со тоа и новата година) со мештанско гледање на Месечината, повеќето исламски установи и земји, вклучително и Саудиска Арабија, следат астрономски пресметки за да се утврдат идните датуми на исламскиот календар . Постојат различни шеми за пресметување на табеларниот исламски календар (т.е. не се заснова на набљудување), што резултира во разлики од типично еден или дури два дена помеѓу земјите што користат ваква шема и оние што користат месечинско видување. На пример, календарот Ум ал-Кура користен во Саудиска Арабија бил преобликуван неколку пати во последните неколку години. Тековната шема бил воведена во 1423 година според хиџра (15 март 2002 година).Robert Harry van Gent, The Umm al-Qura Calendar of Saudi Arabia

Ден во исламскиот календар е дефиниран како почеток на зајдисонцето. На пример, 1 мухарем 1432 бил дефиниран да одговара на 7 или 8 декември 2010 година во официјалните календари (во зависност од земјата). За календар заснован на набљудување, гледањето на младата месечина на зајдисонцето на 6 декември би значело дека 1 мухарем траел од моментот на зајдисонце на 6 декември до моментот на зајдисонце на 7 декември, додека на места каде што не била видена на 6 декември 1 декември, мухарем ќе трае од моментот на зајдисонцето на 7 декември до моментот на зајдисонцето на 8 декември.Islamic Crescents' Observation Project, Visibility of Muharram Crescent 1432 AH ; seen on 6 December in Algeria, Iran, Saudi Arabia, South Africa.

Грегоријанска напоредност Бидејќи исламската месечева година е единаесет до дванаесет дена пократка од сончевата година, сметана од грегоријанскиот календар, Исламската нова година не се случува на истиот ден од грегоријанскиот календар секоја година.

Следниве датуми се предвидуваат за датумите на Грегоријанскиот календар да одговараат на исламската нова година: Исламска година Грегоријански датум1442 20 август 20201443 9 или 10 август 20211444 30 јули 20221445 19 јули 2023

Поврзано

Арапски имиња на грегоријанските месеци Асирски календар Вавилонски календар Бахајски календар Еврејски календар Ирански календар Пред-исламски арапски календар Сончев хиџрански календар

Наводи

Надворешни врски

Хиџрански и грегоријански календар, претворување на датуми на islamicity.org Исламска нова година (BBC Religion)

Категорија:Нова година Категорија:Исламски поими Категорија:Муслимански празници