Свети Никола — главна селска црква во кичевското село Јагол, Македонија.

Црквата се наоѓа надвор од селото и околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

Црквата е сместена покрај селото во југозападна насока.

Историја

Храмот бил подигнат во почетокот на 1848 година, а во 1936 година бил изграден уште еден кат.

Некое време црквата претставувала соборна црква за околните села, кои во минатото сите биле македонски. Тоа биле селата Мидинци, Букојчани, Осломеј, Ново Село, Јагол Доленци, Поповјани, Лешница, Бериково, Арангел, Србица, Туин и Железна Река (околина на Гостивар).

Од натпис над главниот влез, дознаваме дека црквата била обновена во внатрешноста, како и дека добила нова фасада во 1997 година.

Архитектура Иконостас Црквата поседува иконостас, кој бил изработен во 1938 година од страна на браќата Јоаким и Томо Николоски од Лазарополе.

Камбанарија

Нова камбанарија црквата добила во 1996 година.

Галерија

Поврзано Кичевско архијерејско намесништво Четврта кичевска парохија Јагол

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Јагол Јагол Категорија:Дела на Дебарската школа