„Ако умрам Македонијо“ — македонска народна песна, музика и аранжман Милан Завков, текст Томислав Которчевиќ. Песната првпат била изведена во 1997 година од Билјан Стојаноски на фестивалот на нови родољубиви и патриотски македонски песни Гоце Фест 1997 во Скопје.Официјален Јутјуб канал на „Гоце Фест“ Таа е една од песните кои оставиле белег на фестивалот и се силно врежани во алеите на македонската патриотска музика.Две децении „Гоце Фест“, Македонско сонце 763 / 13.2.2009

Текст Ако умрам, еј Македонци, ова срце закопајте го, таму долу на сред Солунско, па да никне ѕвоно големо, што ќе бие и раскажува: тука земја е македонска!

Македонијо, на нас душата ни е горе на врв Пирина, срце долу – на сред Солуна, крвта – бистра вода Вардарска.

Ако умрам Македонијо, пуста душа нека полета таму горе, меѓу облаци, да се стори сокол Пирински, глас да пушти и раскажува: тука земја е македонска!

Македонијо, на нас душата ни е горе на врв Пирина, срце долу – на сред Солуна, крвта – бистра вода Вардарска.

Ако умрам, еј Македонци, од кај Вруток да ме пуштите, па да тргнам, да си поминам, да ја видам, да ја исплачам, таа малку што ни остана – света земја, македонска.

Македонијо, на нас душата ни е горе на врв Пирина, срце долу – на сред Солуна, крвта – бистра вода Вардарска.

Ако умрам Македонијо!

Наводи

Надворешни врски Ако умрам Македонијо во изведба на Билјан Стојаноски на Јутјуб

Категорија:Македонски песни Категорија:Македонски народни песни Категорија:Песни за Македонија