Селиште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Смолани. Претставува населба од римско време.

На 700 м североисточно од селото, над патот за селото Царевиќ, на површина од неколку хектари има голем број фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и тули, а била најдена и монета од царот Аврелијан (III век). Монетата се чува во Заводот и музеј во Прилеп.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско

Наводи