Друштвото на британска музичка сала (изворно: British Music Hall Society) ― регистрирана добротворна организација во Обединетото Кралство. Неговите надлежности се да го унапредат образованието на јавноста кон традициите на Британската музичка сала и уметноста на денешниот изведувач; и да се зачуваат спомените во облик на плочи, филмови, електронски медиуми, фотографии, литература, костуми и лични својства што се однесуваат на музичките сали и изведувачите на музичките сали.
Добротворната организација е основана од Рејмонд Макендер и Џерард Гловер во 1963 година. Претседател на друштвото во моментов е Пол О' Грејди.Patrons & Officers, British Music Hall Society . Посетено на 28 јануари 2021 Потпретседател е Вин Калвин, а покровители на Друштвото се сер Majон Мејџор, Мајкл Грејд, Лејди Ен Дод, Сер Клиф Ричард, Алан Тичмарш, Алисон Тичмарш и Џулс Холанд. Претходните покровители беа Дес О’Конор, Сер Кен Дод и Вал Дуникан.
Историја Друштвото било создадено по пропаста и уривањето на Метрополитен театарот, Еџвер Роуд и други музички сали во раните 1960-ти и свеста на Мекендер и Гловер дека овој период на изведена историја се заборавила. Мекендер објави низа реклами во весникот „The Stage“ каде се барале предмети од интерес за музичките сали „за безбедно чување...“The Stage, 21 март 1963; 18 април 1963; 1 август 1963 Од ова произлегло Друштвото на британска музичка сала („BMHS“).The Stage, 19 септември 1963
Претседатели - минато и сегашност
1963-1979 година - Дон Рос 1980-1983 година - Лу Лејн 1984-1985 година - Елис Ештон 1986-1992 година - Луис Бенјамин 1992-2020 година - Рој Хад 2020 година - Пол О'Грејди
Наводи
Надворешни врски
Службена мрежна страница Страница на Британското музичко салон на мрежната страница на Добротворната комисија на Обединетото Кралство
Категорија:Британска култура