Стојков Рид — археолошко наоѓалиште во околината на гевгелиското село Габрово. Претставува некропола од доцната антика.

На југоисточната страна на селото, во синорот помеѓу селата Габрово и Смоквица се откриени гробови со конструкција од камени плочи - тип циста, со насоченост исток-запад. Во профилот направен од поројот се гледаат повеќе гробови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 102, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Аузо — населба од римско време; Градиште — градиште од средниот век; Дедовец — рударска населба од римско време; Кочиње — населба од доцнантичко време; Лалово Трло — населба од доцнантичко време; Селиште — населба од римско време; Студенка — населба од доцнантичко време; Габрово;

Наводи

Категорија:Габрово (Гевгелиско)