Крчаново — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Миравци. Претставува населба и некропола од римското време. На 1 км северно од селото, на голем простор се среќаваат делови од керамички садови, питоси, тегули имбрекси, и многу градежен материјал. На еден дел од наоѓалиштето има повеќе делови од тегули од гробни конструкции „на две води“.

Поврзано Долна Црква — сакрален објект од римското време; Мегдан — населба од доцноантичкото време; Чаушевец — населба од доцноантичкото време; Миравци; Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско.

Наводи