Чаушевец — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Миравци. Претставува населба од доцноантичкото време. На 1 км јужно од селото, во нивите на тројца жители и во други ниви се среќаваат делови од керамички садови, како и грамади од кршен камен, парчиња од тегули и имбрекси.

Поврзано Долна Црква — сакрален објект од римското време; Крчаново — населба и некропола од римското време; Мегдан — населба од доцноантичкото време; Миравци; Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско.

Наводи