Tenthredo campestris е вид инсект од семејството Tenthredinidae.
Живеалиште Овој вид оса се наоѓа низ цела Европа. Во Македонија се среќава во југозападниот дел.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 206-207
Биологија Возрасните единки може да достигнат должина од 12-15 милиметри. Главата им е црна, антените жолти, градите црни, од горната страна делумно црвеникави. Крилата се жолтеникави, на врвот затемнети, а жилките кафеави. Нозете се црни до колена, предните флемури жолтеникави, другите делови жолти. Абдоменот е жолт и црвеникав до средината, другите делови се црни. Најчесто последните четири сегменти се црни. Ларвите достигнуваат должина до 24 милиметри, и се развиваат во текот на јули. Возрасните форми се среќаваат од мај до август.
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Таксони опишани од Карл Линеј