„Една париска авантура“ (француски: Une aventure parisienne) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 22 декември 1881 година. десно|мини| Ги де Мопасан Содржина Една мажена жена живее мирно во провинцијата и цело време копнее по бурниот, порочен живот во Париз. Еден ден, таа решава да отпатува во Париз каде во една продавница случајно го здогледува познатиот писател Жан Варен кој сака да купи украсен предмет. Тогаш, таа го купува предметот и му го поклонува на писателот под услов тој да ѝ ги исполни сите желби. Најпрвин, тие одат на прошетка во Булоњската шума, а потоа во кафеана и во театар. Најпосле, таа оди во куќата на Варен очекувајќи од него бурни задоволства, но тој набргу заспива. Утредента, жената се враќа дома, разочарана од парискиот живот, и почнува да плаче.„Једна париска пустоловина“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 298-307.
Наводи
Категорија:Раскази на Ги де Мопасан