мини|Поглед кон кампусот на Природно-математичкиот факултет Универзитетот во Бања Лука е водечка повеќешколоска образовна институција во Република Српска и втор универзитет по големина во Босна и Херцеговина. Универзитетот во Бања Лука денеска има 17 факултети. Наставата се изведува на 64 студиски програми од прв циклус студии, 71 програм од втор циклус, т.е. на 12 студиски програми од третиот циклус студии. Наставата ја изведуваат 811 наставници и соработници со полн работен однос. Покрај нив, на Универзитетот ангажирани се и 170 наставници во дополнителен работен однос, 168 гости професори од странство и 121 стручни соработници за потребите на реализација на клиничка пракса. Административно-техничката поддршка се состои од 559 службеници. Моментално на Универзитетот студираат околу 17.000 студенти од сите краеви на Република Српска, но и од странство. Досега дипломи за основни студии стекнале 43.044 студенти, 835 студенти на мастери стурии, 1437 магистри и 697 доктори на науки. Повеќето факултети на Универзитетот во Бања Лука се наоѓаат во два кампуси, сместени недаелку од крајбрежјето на реката Врбас, во непосредна близина на центарот на градот. Во кампусот се наоѓаат студентски домови со ресторани, спортски терени, студентски клубови и Универзитетскиот сметачки центар. Универзитетот во Бања Лука располага со сите неопходни просторни капацитети почнувајќи од училници и амфитеатри, преку читалници и библиотека, до лабораторија и сметечка сала. Вкупната површина на училници изнесува околу , а лабораторискиот простор околу . Повеќето училници се опремени со видео-проектори и сметачи за прикажување дигитални наставни содржини. Универзитетот располага со 20 сметачки сали со 24-часовен пристап до интернет. Библиотеките располагаат со околку 185.000 книги, а претплатени се на 75 научни списанија. Униврзитетот во Бања Лука е член на Европската асоцијација на универзитети (European University Association - EUA) и потписник на Големата повелба на универзитети (Magna Charta Universitatum). Член е и на Меѓународната универзитетска мрежа за академска и истражувачка соработка во крилото на Научниот парк Универзитетот La Sapienza од Рим (Италија), Генералното собрание на Интеруниверзитетскиот центар за научна работа и соработка со Источна и Југоисточна Европа (CIRCEOS), со седиште на Универзитетот во Бари (Италија), Мрежи на универзитеот UniAdrion, со седиште во Анкона (Италија), Евро-средоземна фондација (EMUNI), со седиште во Словенија и Универзитетска агенција за франкофонија (AUF).

Основање и историјат на универзитетот Втората половина на 20. век ја обележаа брзите промени во науката, техниката и технологијата, а тоа влијаело и на конституирањето и развојот на Универзитетот во Бања Лука. Универзитетот во Бања Лука е основан на 7. ноември 1975 година, а на неговото основање претходело формирање на неколку виши школи и факултети на овие простори. Првата повеќешколска установа во Бања Лука е основана во 1950 година. Тоа била Вишата педагошка школа, која првата година запишала 38 бруцоши – момчиња и девојки од овие краеви. Во тој период во Бања Лука формирани се уште неколку повеќешколски институции. Прво е формиран Техничкиот факултет во 1961 година, а потоа Вишата економска школа во 1969 година, а после тоа и повеќе одделенија од сараевскиот Машински, Правен и Економски факултет. Во период од само четири години, сите тие одделенија станале самостојни факултети. Остварените резултати ги навеле надлежните органи за да на 7. ноември 1975 година го формираат Универзитетот во Бања Лука – втор универзитет во тогашната Босна и Херцеговина.

Почеток на работата на Универзитетот Почетокот на работата на Универзитетот е обележан со недостаток на наставно-научен кадар. На осум повеќешколски установи (без институтите и заводите) биле вработени 149 наставници и 100 останати работници. Структурата (квалифиакциите и звањата) на наставничкиот кадар била уште неповолна. Економскиот факултет имал две доктори на науки и три магистри, Електротехничкиот два доктори и шест магистри, Технолошкиот осум доктори и три магистри, Машинскиот четири доктори и пет магистри, Правниот четирри доктори и еден магистер, Педагошката академија пет доктори и шест магистри, Вишата економоско-комерцијална школа шест магистри и четворица специјалисти, а Вишата техничка школа во Бихаќ имала само два магистри. Таквиот кадровски состав на вишите школи и факултети ја наметнал потребата за планирање кадар за идниот развој на Универзитетот, неговото школување, подигање и насочување за работата на факултетите. Пред формирање на Универзитетот на вишите школи и факултетите во Бања Лука студирале 4952 студенти. Првите години од постоењето на Универзитетот имало 7.079 студенти, од кои 3.445 редовни. Таа година во прва година биле запишани 2.3456 студенти. Секоја школска година во овој развоен период се зголемувал бројот на студенти кои излегувале на сите испити, како и бројот на оние кои дипломирале.

Програм за развој за период 1976-1980 Универзитетот во Бања Лука веќе во првата година од своето постоење го усвоил „Програмот за развој за период од 1976 до 1980“ година. Овој документ бил од голема важност за правилен, реален и складен развој на Универзитетот за првите пет години од постоењето. Со него се утврдени основните цели и задачина Универзитетот во Бања Лука. Некои од најважните прашања во тој програм се однесувале на студентите и нивниот стандард, проширените мрежи на повеќешколските организации и проширување на уписот на студии. Како приоритетни задачи се наметнале: изградување студентски домови, обезбедување континуирано кредитирањае и стипендирање на студенти, проширување и јакнење на Централните младински задруги, изградба на спортско-рекреативен центар, студентски поликлиники, зголемување на просторните капацитети и материјалните можности за масовна активност во културните дејности на студентите. Во период од 1980-1985 година, дошло до заокружување на некои работи на Универзитетот (прием на нови членови, завршеток на инвестии и сл.), а отворен е и процес на модернизација и рационализација во високото образование. Проширените мрежи на повеќешколските организации во периодот од 1980 до 1985 година, значело основање нови повеќешколски организации и нови отсеци и насокии на постоечките факултети. Покрај веќе постоечкиот Медицински факултет, било предвидено отворање на градежниот факултет. Во рамките на Вишата техничка школа во Бихаќ требало да се основа и дрвопреработувачки отсек. Планирано било и основање и на енергетски отсек на Електротехиничкиот факултет, конструкцискиот на Машинскиот, земјоделски отсек на Технолошкиот, отсек за социјално-економски развој на Економскиот и графичкиот отсек на Вишата техничка школа во Бихаќ. Било планирано и прерастување на Педагошката академија во филозофоски факултет, во склад со Законот за наставнички школи и факултети. И покрај планирањето, сите овие активноси не се завршени во тој период. Сместувањето и опремувањето на вишите школи и факултети во тој период постојано се подобрувале. Со изградбата на Универзитесткиот центар, со 12.000 квадратни метри корисен простор, завршена е првата фаза на изградба на објектите и нивното опремување за потребите на Правниот, Економскиот, Машинскиот и Технолошкиот факултет. Почнала и санацијата и доградбата на Електротехничкиот факултет, како и сместувањето на две виши школи во Бихаќ. Од исклучително значење било и подобрувањето на опремувањето на лабораториите, кабинетите, библиотеката. Во овој период е решено трајното сместување на Народната и универзитетска библиотека „Петар Кочиќ“ во Домот на солидарност, со проширен читателски простор, со што биле создадени подобри услови за студентите, повеќешколскиот наставнички и соработнички кадар. На факултетите и вишите школи во 1985 година во постојан работен однос биле 153 наставници и 91 асистент, додека 82 наставници и 41 асистен биле во дополнителен работен однос. Од 11. март 1976 година кога е одбранета првата докторска дисертација, па сè до крајот на 1984 година, со звање доктор на науки на Универзитетот во Бања Лука се стекналее 13 кандидати, а магистерски тези одбраниле 23 кандидати. Во тој период објавени се 4.089 научни трудови, 123 скрипти, 47 универзитетски учебници и 95 стручно-научно книги. Сè ова потврдува дека е поклонето исклучително внимание на научно-наставната и научноистражувачката работа.

Периодот на развој на Универзитетот од 1985 до 1992 година Овој период на развој од 1985 до 1992 година бил многу специфичен и го карактеризирале многу изразени општествени и економски промени во тогашната Југославија. Меѓутоа, со вложени големи напори на екомонијата, власта, просветните и научните организации остварен е напредок на сите сфери на развој на Универзитетот, па доаѓа и до вложување во опрема на повеќешколски организации (сметачка, лабораториска и останата). Постепено оживувала научноистражувачката и практичната работа и поврзувањето со стопанството. Константно се зголемувал бројот на новозапишани студенти. Дошло и до насочување на студентите кон техничките науки, а значително се сманил и бројот на вонредни студенти. Забележани се и поостри критериуми на професорите на испитите, што резултирало со подобар квалитет.

Во учебната 1987/88 година, иновирани се наставните програми и изменета е структурата на наставните предмети во склад со современите движења. Подобрена е кадровската структура на некои факултети и виши школи, а воведена е и законска одредба дека сите наставници мора да бидат доктори на науки. Научноистражувачката работа особено се афирмирала по пат на општествени цели, биле објавени 50 книги и повеќе стотици научни и стручни дискусии и статии, а еден број на трудовите на наставниците е цитиран во светските научни индекси. Универзитетот во овој период се афирмирал на југословенски и меѓународен план, а воспоставена е и блиска соработка со универзитетите во Битола, Приштина, Осик и Марибор, т.е. со останатие три универзитети во Босна и Херцеговина. Во текот на 1987 година, ректор на Универизтетот од Бања Лука бил претседателот на Заедницата на универзитетите од Југославија, а учебната 1989/90 година бил претседателот на Заедницата на универзитетите од Босна и Херцеговина. Универзитетот од декември 1989 година е член на Ректорската конференција „Алпи-Јадран“, а воспоставена е и врска со повеќе универзитети од странство. Периодот на развој на Универзитетот од 1992 до 1996 година Овој период го обележале општата општествена криза, одбранбено-патриотската војна и распадот на СФР Југославија, формирање на Република Српска и повоената општествено-економска криза. Воените дејствија во Босна и Херцеговина ја отежнале работата и развојот на Универзитетот во Бања Лука. Биле загрозени сите негови фунцкии. Но, и покрај сè, работата не е прекината. Интересирањето на младите генерации за упис на студиите исто така е одредено од целокупната состојба во овој период, па со почетокот на одбранбено-патриотската војна бројот на студентите се смалува.

Пред почеток на војната на сите факултети и виши школи студирале 6.758 студенти. Учебната 1992/93 година, на Универзитетот студираат 5.438 студенти, за да во наредната школска година се покачи бројот на студенти. Во учебната 1993/94 година, достигнат е предвоениот број на студенти (6.455). Во учебната 1994/95 година, после отворањето на новите факултети и отсеци, се зголемил интересот, па и бројот на студенти е зголемен: се запишале 7.212 студенти. Покрај наставно-научните активности на додипломските студии, еден број на факултети и во воените услови организирал и постдипломски студии. На постдипломски студии во овој период се запишале 145 студенти.

Значајни промени на факултетите од Универзитетот во Бања Лука во воени услови