Душан Трајчев Кузмановски ( во ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Завршил основно училиште, а потоа работел во родното место. Во напредното движење се приклучил преку сестра си, која веќе била вклучена во организациите. Примерно ги извршувал задачите и ѝ помагал на сестра си во нејзината дејност. Го изучил германскиот јазик и тоа му помогнало да влезе во допир со окупаторот и да научи важни работи околу движењето на непријателските сили. На 27 јуни 1944 година и пристапил на НОВ и ПОЈ, во Скопска Црна Гора. Бил борец на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Учествувал во тешките борби против Германците и балистите во Скопска Црна Гора, на Косово, како и во акциите против четниците во Србија, па во пробивот на Сремскиот фронт. Во борбата кај Дуго Село бил тешко ранет. Оттаму го пренесле на лечење во болницата кај Пакрац, каде по кратко време подлегнал на раните.
Наводи