Вознесение Христово — разрушена главна селска црква во селото Трстеник.
Местоположба Црквата е сместена на неколку стотина метри северно од селото, во правец кон соседното село Сопот.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има празна ниша, а црквата има спореден влез на јужната страна. Се забележува дека објектот бил граден од камен и малтер, а бил покриен со кров од ќерамиди. Храмот денес е без кров, но ѕидините се сочувани. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта.
Галерија
Урнатините од црквата
Селските гробишта
Поврзано Трстеник Брегалничка епархија Штипско архијерејско намесништво Втора светиниколска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Трстеник (Светиниколско) Трстеник