Свети Кирил и Методиј — црква во близина на селото Преод.

Местоположба Црквата е сместена на неколку стотина метри јужно од селото, на возвишение коешто ѝ дава доминантна положба во однос на селото.

Историја Непосредно до главниот влез на црквата е испишана 1973 година, што укажува дека веројатно тогаш била изградена.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа без апсида на источната страна. На западната страна има припрата којашто води во главниот влез, а храмот има и спореден влез на јужната страна пред којшто е доградена мала припрата. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со лимен кров. Во дворот на црквата има помошен објект.

Галерија

Поврзано Црква „Св. Димитриј“ - Преод Преод Брегалничка епархија Штипско архијерејско намесништво Втора светиниколска парохија

Белешки

Надворешни врски

Категорија:Преод Преод