Сара Гранд (англиски: Sarah Grand, 10 јуни 1854 — 12 мај 1943) — ирска феминистичка писателка која била активна од 1873 до 1922. Нејзините дела се претежно феминистички.

Биографија Сара Гранд е родена како Франсис Елизабет Беленден Кларк во Роузбанк Хаус, Донагади, округ Даун, Ирска, од англиски родители. Нејзин татко бил Едвард Џон Беленден Кларк (1813–1862), а мајка и била Маргарет Бел Шервуд (1813–1874). Кога нејзиниот татко починал, нејзината мајка ги однела заедно со нејзините браќа и сестри во Бридлингтон, Англија, за да бидат во близина на нејзиното семејство, кое живеело во Ризом Гарт кај Холмптон во Јоркшир.

Образованието на Гранд беше многу спорадично, но сепак успеала со упорност да направи кариера за себе како активист и писател, потпирајќи се на нејзините патувања и животни искуства.

Во 1868 година Гранд била испратен во Кралската поморска школа, Твикенхам, но набргу била протерана поради организирање групи кои ги поддржувале протестите на Џозефин Батлер против Законот за заразни болести, кои прогонувале проститутки како заразени жени, како единствена причина за ширење на сексуално преносливи болести.

Потоа, Гранд била испратена на училиште во Кенсингтон, Лондон. Во август 1870 година, на шеснаесетгодишна возраст, се омажила за Дејвид Чемберс Мекфел, кој беше 23 години постар од неа и имале два сина од претходниот брак.

Од 1873 до 1878 година семејството патувало на Далечниот Исток, обезбедувајќи и на Гранд повеќе материјал за нејзината фантастика. Во 1879 година се преселиле во Норич, а во 1881 година во Ворингтон, Ланкашир каде нејзиниот сопруг се пензионирал.

Дела Ideala, 1888 The Heavenly Twins, 1893 Our Manifold Nature, 1894 The Beth Book, 1897 Babs the Impossible,1901 Adnam's Orchard, 1912 The Winged Victory, 1916 Variety, 1922

Наводи

Надворешни врски Сара Гранд на „The Literary Encyclopedia“

Категорија:Англиски писатели Категорија:Ирски писатели Категорија:Родени во 1854 година Категорија:Починати во 1943 година