Националниот природен резерват Волонг, познат и како Специјален административен регион Волонг, е заштитено подрачје сместено во округот Венчуан, провинцијата Сичуан, во Народна Република Кина. Основан е 1963 година со почетна величина од околу 20 000 хектара, резерватот е проширен во 1975 година, покривајќи површина од околу 200.000 хектари во регионот планина Ќунлаи. Во резерватот се забележени преку 4.000 различни видови. Според трето кинеско истраживање џиновските панди, во националниот природен резерват Волонг се смештени околу 150 диви единки на високо загрозени џиновски панди. Резерватот исто така е дом на многу други загрозени видови, вклучувајќи ги: снежните леопарди, црвените панди, златните мајмуни, елените со бели усни (Торолдов елен) и многу драгоцени растенија. Пред катастрофалниот земјотрес во Венчуан 2008 година, Волонг секоја година имал до 200.000 посетители. Неговото подрачје го заменува Специјалниот административен регион Волонг. мини|Lilium regalia, локален домашен цвет
Историја Во јуни 1980 година во Волонг со напори на Светскиот фонд за природа (WWF) и кинеската влада, е основан Кинескиот центар за заштита и истражување на џиновската панда. До денес, истражувачите спроведоа многу истражувачки проекти за одгледување на џиновски панди и успешно одгледаа 66 младенчиња панда.
Локација мини|Панди Планинскиот поток поминува низ долината Волонг (каде што е резерватот); потокот е опкружен со карпи и помали заоблени камења. Водите од потокот се прилично алкални со pH ниво од околу 8,91. (Хоган, 2007) Заматеноста на водата е доста голема поради обемното вадење песок и чакал во потокот.Hogan, C.M., Lumina Tech, Environmental analysis of the Wolong National Nature Reserve (2007)
Според истражувањето од 2001 година на д-р Џиангуо Луа од Државниот универзитет Мичиген, стапката на уништување е поголема по создавањето на резерватот отколку пред неговото создавање.Liu, Jianuo, Marc Linderman, Zhiyun Ouyang, Li An, Jian Yang, and Hemin Zhang. "Ecological Degradation in Protected Areas: The Case of Wolong Nature Reserve for Giant Pandas." Science 292.5514 (2001): 98-101. Web. February 18, 2016. Користејќи ги НАСА-овите сателитски снимки и евиденцијата на населението, истражувачкиот тим на Лу заклучил дека поради туризмот и зголемувањето на месното население, резерватот се соочува со невидена закана. „ Туристите не мислат дека имаат влијание врз живеалиштето на пандата, но индиректно секој посетител има одредено влијание“, рече Лу. „Ние не се доживуваме себеси како деструктивна сила, но сме“.(April 6, 2001) Endangered Pandas Not Safe in Chinese Nature Reserve , Environment News Service.
Фауна Џиновската панда е најпознат вид во резерватот. Други типични поголеми месојади се узурското диво куче, азиската црна мечка, азиската златна мачка, црвената панда, свинскиот јазовец и жолтогрла куна. Копитасти цицачи претставуваат сечуански такини, диви свињи, мошуски елени, копнени серови, кинески горали, тафтидни елени и самбарскиот елен. Други значајни цицачи вклучуваат мајмуни со златни глави, тибетски макаки, летачки сложнозабни верверички, бамбусни стаорци и бодливикаво прасе. Бидејќи резерватот опфаќа различни надмморски височини, тој вклучува тропска и умерена климатска зона и содржи видови типични за тропските предели, како што се облачени леопарди и елен самбара, како и видови од умерени региони, како што се елен со бели усни, снежен леопард и туркестански рис. Истражувањата со помош на камери спроведени во подрачјето на резеватот помеѓу 2005 и 2009 година не забележал ниту еден леопард.
Земјотрес во 2008 година мини|Голем број куќи на џиновски панди биле уништени во земјотресот во Сечуан во 2008 година Регионот, вклучувајќи го Центарот за истражување на панди, во голема мера е уништен од катастрофалниот земјотрес во Сечуан на 12 мај 2008 година, иако првично било објавено дека заробените џиновски панди се безбедни.(May 14, 2008). Pandas International .(May 13, 2008). Pandas 'safe' at park after quake. Веднаш по земјотресот, службените лица не биле во можност да контактираат со резерватот. Министерството за надворешни работи на Кина подоцна објавило дека група од 31 британски туристи кои го посетиле резерватот на панди Волонг во подрачјето погодено од земјотресот, се вратиле безбедно и неповредено во главниот град на покраината. Првично не била позната состојбата на пандите во соседните резерви на панди. Во земјотресот загинале пет чувари во резерватот. Шест панди избегале откако им биле оштетени ограничените простори. До 20 мај било утврдено дека две панди се повредени во резерватот, додека траела потрагата по уште две возрасни панди кои исчезнале по земјотресот. До 28 мај 2008 година, сè уште недостасувала една панда, деветгодишната Мао Мао, мајка на пет млади во одгледувачкиот центар. Била откриена во понеделник, на 9 јуни, мртва во ограничениот простор. Чуварите на панди и другите работници ги ставиле нејзините остатоци во мал дрвен сандак и ја погребале пред центарот за одгледување.
Досега гигантските панди беа преместени во базата Бифенгсиа панда, со која управува исто така и Кинескиот центар за заштита и истражување на панди.
Наводи
Поврзано
Црвена панда
Надворешни врски
(кинески)
Користена литература
Национален природен резерват Волонг во Блумберг
Категорија:Сечуан Категорија:Природни резервати Категорија:Биосферни резервати во Кина