Живко Крстов Ќоќоров ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Произлегува од сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. На 21 септември 1944 година стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против силните балистички сили, како и во акциите против Германците во Качаничка Клисура. По ослободувањето на Македонија во состав на Бригадата учествувал во акциите за ликвидирање на заостанатите балистички банди на Косово. Потоа, заминал на Сремскиот фронт и се борел за ослободувањето на Војводина и Хрватска. На 16 април 1945 година во една битка кај селото Будровци, храбро загинал. Бил закопан на селските гробишта.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ