Дабица — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Немањици. Претставува населба и некропола од римско време.
На 4,5 км североисточно од селото, во лозјата на С. Донев и С. Илиев, при подготовките за нивното садење, со длабоко орање на површината било исфрлено големо количество од тегули, имбрекси и градежен камен, веројатно од темели на ѕидови. Исто така и големи плочи од песочник, од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 356 Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Алин Дол — населба од неолитското и римското време Ветрен — некропола од железното време Вреж — населба од неолитското време Градиште — утврдена населба од железното време Давица — населба и некропола од римското време Зелена Чукарка - Јокуш — населба и некропола од римското време Јокуш — некропола од римското време Мишевска Воденица — вила рустика од римското времеж Црквиште — населба и некропола од римското време Немањици; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Немањици