Поза Рид - Шољеви Камења — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Малино. Претставува населба од доцноантичко време. На 500 м од селото по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули и друг градежен материјал. Оттука потекнуваат една четвртеста архитравна греда од сив песочник, на едната страна со натпис со грчки архаичен текст, што се наоѓа во дворот на Т. Крстев, и калкан од надгробна плоча со претстава на гозба.Најдени се и девет монети (Александар Север, Проб, Константин и чанковидни монети). Наодитесе чуваат во Народниот музеј во Св. НиколеКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 355, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште — доцноантичко и средновековно градиште; Малино — осамен наод од римското време; Поза Рид - Шољеви Камења — населба од доцноантичкото време; Св. Стефан — осамен наод од римското време; Цигански Гробишта — средновековна некропола; Црвена Стена — некропола од доцноантичкото време; Малино; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Малино