Теему Пуки (роден на 29 март 1990 година, во Котка) — фински фудбалер, на ХЈК Хелсинки и на финската репрезентација.

Пуки ја започнал кариерата во екипата на КооТееПее, за која дебитирал уште во 2005 година, на возраст од само 15 години во натпревар од Купот на Финска. Во јануари 2008 година, тој се преселил во шпанската Севиља, но таму немал премногу можности да игра и по само еден одигран натпревар во шпанското првенство се вратил во татковината каде играл за ХЈК Хелсинки. Со оваа екипа, тој го освоил финското првенство во 2010 година и бил дел од тимот што го освои првенство и купот на неговата земја во 2011 година. Во август 2011 година, Пуки се преселил во Шалке 04, Германија, за рекордна сума која ја заработил некој фински клуб од 1,3 милиони евра. Но не можејќи да се избори за поголема минутажа во Гелзенкирхен, во летото 2013 година тој заминал во Селтик, каде го освоил шкотското првенство, а една година подоцна му се приклучил на данскиот Брондби. Во Брондби поминал четири сезони, а најголемиот успех го постигнал со освојувањето на Купот на Данска во неговата последна сезона во клубот. Во 2018 година, Пуки потпишал за англискиот Норич Сити, кому веќе во првата своја сезона му помогнал да избори промоција во Премиер лигата, откако го водел клубот до титулата во Чемпионшип со 29 постигнати гола. По пет години поминати во промоции и испаѓања со Норич, тој потпишал за

За финската репрезентација настапувал во периодот од 2009 до 2025 година, претставувајќи ја на Европското првенство 2020. Во националниот дрес одиграл 132 натпревари, наоѓајќи се на второ место на вечната листа зад Јари Литманен, кого токму го престигнал на листата на стрелците за репрезентацијата, каде моментално Пуки го зазема првото место со 42 постигнати гола.

Технички карактеристики Тој е центарфор со големо чувство за постигнување голови. Меѓу најголемите негови квалитети се движењето без топка, способноста да се уфрла зад противничката одбрана, способноста да ја задржи топката и да изврши пресинг врз противниците. Исто така, е многу ладнокрвен при изведувањето на ударите од белата точка.

Клупска кариера КооТееПее Пуки ја започнал својата кариера во КооТееПее, екипа од неговиот роден град Котка. Своето деби како професионален фудбалер го имал на 23 јуни 2005 година, на возраст од само 15 години во натпревар од Купот на Финска. На почетокот од следната сезона, под водството на Јане Хипонен тој дебитирал и во првенството на Финска, влегувајќи во 88-мата минута од натпреварот КооТееПее-ХЈК Хелсинки 2-1. Пуки запишал пет настапи во неговата прва сезона, сите влегувајќи од клупата за резерви.

Во мај 2007 година, тој го продолжил својот договор со клубот до 2009 година. Во сезоната 2007, тој одиграл 24 првенствени натпревари и го постигнал својот прв првенствен погодок на 3 мај 2007 година, во победата со 1-0 на гостувањето кај Викингит, со што станал првиот стрелец на гол во историјата на Вејкауслигата роден во 90-тите години на минатиот век. Само шест дена подоцна, тој додал уште два гола во победата со 3-0 над Оулу, завршувајќи ја сезоната со вкупно 3 гола на својата сметка.

Севиља и Севиља Атлетико Во јануари 2008 година, Пуки потпишал договор на три и пол години со шпанската Севиља. Откако по доаѓањето најпрво играл за јуниорите, за сезоната 2008-2009, тој бил промовиран во Севиља Атлетико, вториот тим на андалусијците, кој се натпреварувал во Сегунда Дивисион - второто ниво на Шпанија. Дебитирал во Сегунда Дивисион на 4 октомври 2008 година, во натпреварот Севиља Атлетико-Реал Сосиедад; започнувајќи го натпреварот во почетната постава, Пуки го постигнал единствениот гол на натпреварот, со кој и обезбедил прва победа на Севиља Атлетико за сезоната. Тој постигнал уште два гола во Сегунда во месец ноември, и како награда за добрата форма бил повикан во првиот тим за натпреварот против Реал Мадрид на почетокот на декември. Иако во тој натпревар не влегол во игра, своето деби за првиот тим на Севиља во Примера Дивисион го направил само околу месец дена подоцна, на 25 јануари 2009, кога влегол од клупата за резерви на местото на Ивица Драгутиновиќ во поразот на домашен терен од Расинг Сантандер. Така, тој станал вториот финец по Јари Литманен кој играл во најсилната шпанска лига. Остатокот од сезоната поминал во знакот на повредата на скочниот зглоб, со која се здобил во март 2009 година, и која го извадила од акција за шест недели.

Во сезоната 2009-2010, Севиља Атлетико играла во Сегунда Дивисион Б, откако претрпеле испаѓање од второто ниво во претходната сезона. Втората сезона во Б тимот на Севиља била тешка за младиот фински напаѓач, кој особено по смената на тренерот во февруари 2010 година и доаѓањето на Рамон Техада, се поретко се наоѓал дури и на клупата за резерви. Вкупно, Пуки одиграл 16 натпревари во текот на сезоната, од кои само четири во почетниот состав. По напорната сезона, Пуки објавил дека повеќе не сака да остане во Севиља, иако имал договор и за следната сезона.

ХЈК Хелсинки thumb|left|180px|Пуки играјќи за ХЈК Хелсинки. Пуки се вратил во Финска во август 2010 година, потпишувајќи три и пол годишен договор со ХЈК Хелсинки. Дебитирал на 30 август во натпревар против Мариехам, додека својот прв гол го постигнал веќе во следниот натпревар против Јаро. За време на сезоната 2010, Пуки одиграл 7 натпревари и постигнал 2 гола во финското првенство помагајќи му на клубот да ја освои титулата. Тој, исто така, играл и во финалето на Купот на Финска, влегувајќи како замена на полувремето, но таму неговиот тим останал без пехарот откако бил поразен од ТПС со 0-2.

За време на сезоната 2011 тој постигнал 11 гола и забележал 8 асистенции на 18 првенствени натпревари, со кој бил клучна фигура во составот на ХЈК кој ја одбранил титулата од претходната сезона. Неговите перформанси довеле до тоа да биде избран во Ол-стар тимот на финската лига за 2011 година. Во квалификациите за Лигата на шампионите, тој постигнал два гола во победата со 10-0 над Бангор Сити, пред Хелсинки да биде елиминиран во следната рунда од Динамо Загреб. Така, тие го продолжиле своето европско искуство во Лигата на Европа, каде противник им бил ; во првиот натпревар одигран во Финска, Хелсинки победил со 2-0, а Пуки бил стрелец на двата гола. Во реваншот германците славеле со 6-1, а Пуки одново бил стрелец.

Шалке 04 Откако го импресионирал раководството на Шалке 04 во двомечот од Лигата на Европа, на 31 август 2011 германскиот клуб го купил Пуки за сума од 1,3 милиони евра потпишувајќи тригодишен договор со играчот. Своето деби го направил на 18 септември 2011, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Клас-Јан Хунтелар во поразот со 0-2 на домашен терен од . Во својот трет натпревар за Шалке, а воедно и прв кој го започнал во почетната постава, Пуки ги постигнал својте први два гола за тимот од Гелзенкирхен во ремито 2-2 на гостувањето против Хановер. Со тоа, тој станал третиот Финец кој постигнал два гола на еден натпревар во германската Бундеслига, по Ари Хјелм и Паси Раутиаинен. Во сезоната 2011–2012, Пуки одиграл вкупно 19 првенствени натпревари, главно влегувајќи како замена, на кои постигнал пет погодоци. Исто така, одиграл два натпревари без постигнат гол во Купот на Германија, додека во Лига Европа не можел да игра бидејќи го претставувал ХЈК во истото натпреварување.

thumb|right|Пуки со во 2013 година За време на сезоната 2012–2013, тој многу почесто бил на клупата за резерви отколку на теренот: во првите дванаесет натпревари од Бундеслигата, тој се појавил во игра само еднаш. Во Лигата на шампионите, Пуки дебитирал во натпреварот против Монпелје (2-2) на 3 октомври 2012 година, започнувајќи го натпреварот во почетната постава. Пуки добил малку поголема минутажа кон крајот на есента, но слабите резултати на тимот довеле до промена на тренерот. Така, Хуб Стевенс тренерската клупа му ја препуштил на Јенс Келер, кај кого Пуки редовно играл влегувајќи како замена. Сезоната ја завршил со вкупно 24 настапи и 3 гола во сите натпреварувања.

На почетокот на следната сезона, Пуки одиграл два натпревари пред да го напушти клубот кон крајот на август 2013. Својот последен натпревар за Шалке го одиграл на 21 август 2013, во ремито 1-1 на домашен терен против грчкиот ПАОК во квалификациите за Лигата на шампионите. Вкупно за Шалке одиграл 47 натпревари и постигнал 8 голови.

Селтик На 31 авгист 2013, Пуки потпишал четиригодишен договор со Селтик, комплетирајќи го својот трансфер од Шалке 04 во Шкотска за необјавена сума. Тој успеал да се впише во листата на стрелците уште на своето деби во победата со 3-1 на гостувањето кај Хартс на 14 септември 2013 година. Една недела подоцна, тој постигнал гол и на своето деби пред домашната публика во победата со 2-1 над Сент Џонстон. На 14 декември, со својот трет гол за сезоната му донел победа на Селтик на домашен терен против Хибернијан со 1-0. Генерално, првата сезона на Пуки во Селтик се сметала за разочарување бидејќи се тој се мачел со формата и не успеа да ја пополни празнината што ја оставил Гари Хупер кој замина на почетокот на сезоната. Самиот Пуки подоцна го признал недостатокот на влијание што го оставил, признавајќи дека првично чувствувал дека играњето во Шкотска ќе биде „полесно“ отколку во Германија. Тој сметал дека брзината и физичката сила во играта во Шкотска е тешко да се прилагодат и изјавил: "Шкотскиот фудбал не е лесен. Тоа, воопшто не е слаба лига". Сепак, на 26 март 2014, со Селтик ја освоил титулата во Премиер лигата на Шкотска, за која придонел со 26 настапи и 7 гола. Тој забележал 5 настапи и во Лигата на шампионите, каде Селтик играле во група со поранешните европски шампиони Барселона, Милан и Ајакс.

Брондби Во септември 2014 година, Пуки му се придружил на неговиот сонародник Лукаш Храдецки во редовите на данскиот клуб Брондби. Договорот бил на заем до крајот на сезоната, но вклучувал и опција Брондби трајно да го откупи играчот. Пуки за прв пат играл во Суперлигата на Данска на 14 септември 2014 година во натпреварот Брондби - Рандерс (0-2). Првиот гол во данската лига Пуки го постигнал на 28 септември на гостувањето против Есбјерг, кога го довел својот тим во водство од 0-1, во натпревар што завршил 2-2. Тој веднаш го зазел своето место во почетниот состав на Брондби и по своето деби ги одиграл сите 27 натпревари во почетната постава. Тој бил најдобар стрелец на тимот со 9 гола, што бил негов личен рекорд на постигнати првенствени голови за некој странски клуб во текот на една сезона.

Во јуни 2015 година, Брондби објавил дека ќе ја искористи опцијата за откуп вклучена во договорот за заем на Пуки, потпишувајќи тригодишен договор со финскиот напаѓач. Клубовите не ја обелодениле сумата на трансферот, но според извештаите во медиумите, Брондби платил помалку од милион евра. Сезоната 2015-2016 за данскиот клуб и Пуки започнала со квалификациите за Лига Европа. Пуки постигнал 3 гола во првите три квалификациски кола, но во плејоф рундата Брондби бил елиминирани од грчкиот ПАОК и не успеале да влезат во фазата по групи. Пуки бил клучен играч на Брондби и во данското првенство каде ги одиграл сите 33 првенствени натпревари, постигнувајќи како и во минатата сезона - 9 гола.