Светска турнеја на UCI 2021 — низа трки предвидени во сезоната 2021, кои вклучувале дваесет и девет друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2021. Турнејата започнала со воведната етапа на Трка ОАЕ на 21 февруари, а завршила со Џиро ди Ломбардија на 9 октомври.

Настани

Календарот за 2021 година бил објавен во есента 2020 година.

+ Трки во Светската турнеја на UCI 2021 Трка Датум Победник Втор Трет Трка ОАЕ 21–27 февруари Омлоп Хет Ниусблад 27 февруари Страде Бјанке 6 март Париз-Ница 7–14 март Тирено-Адријатико 10–16 март Милано-Санремо 20 март Волта а Каталуња 22–28 март Класик Брухе-Де Пане 24 март Е3 Саксо Банк Класик 26 март Гент-Вевелгем 28 март Дварс дор Вландерен 31 март Трка околу Фландрија 4 април Трка околу Баскија 5–10 април Амстел Голд Рејс 18 април Флеш Валон 21 април Лиеж-Бастоњ-Лиеж 25 април Тур де Романди 27 април – 2 мај Џиро д’Италија 8–30 мај Критериум ди Дофине 30 мај – 6 јуни Тур де Свис 6–13 јуни Тур де Франс 26 јуни – 18 јули Класика де Сан Себастијан 31 јули Трка околу Полска 9–15 август Вуелта а Еспања 14 август – 5 септември Класик Бретања 22 август / БинкБенк Тур 30 август – 5 септември Ешборн-Франкфурт 19 септември Париз-Рубе 3 октомври Џиро ди Ломбардија 9 октомври

Откажани настани

Поради логистички проблеми поврзани со пандемијата на КОВИД-19 покренати од страна на екипите во однос на патувањето во Австралија (вклучувајќи ги строгите обврски за карантин), трката Тур Даун Андер (19–24 јануари) и трката Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ (31 јануари) биле откажани. Организаторите на Тур Даун Андер одржале домашен велосипедски фестивал со повеќе трки во разни дисциплини. Во јуни, Гран при Квебек (10 септември) и Гран при Монтреал (12 септември) биле откажани поради пандемијата на КОВИД-19 во Канада. Во август, Хамбуршкиот класик (15 август) и Трката околу Гуангси (14–19 октомври) биле откажани по барање на нивните соодветни организатори, поради пандемијата на КОВИД-19.

Дополнително, од други причини, организаторите на Трката околу Калифорнија во САД, како и оние на Класикот Лондон-Сари во Велика Британија, не побарале регистрација на нивните трки во календарот 2021.

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Светска турнеја на UCI

Категорија:Друмскиот велосипедизам во 2021 година