Променлива ѕвезда од типот на Гама Касиопеја (γ Cas-променлива) — вид променлива ѕвезда наречена по нејзиниот прототип γ Касиопеја (γ Cas).

Променливост γ Cas-променливите покажуваат неправилни промени во сјајноста во децениски временски рамки. Имаат замави во големина од еден величински ред. на пример γ Ксаиопеја обично има велличина од 2,5, а се колеба меѓу 1,6 и 3,0 величини. Ова е поврзано со промените во спектарот, помеѓу нормалнен спектар на впивање и спектар на Be-ѕвезда, честопати вклучувајќи и особености на обвивна ѕвезда.

Плејона и самата γ Касиопеја се променливи ѕвезди со повремени обвивни епизоди, каде силните обвивни елементи се јавуваат на спектарот и сјајноста се зголемува или намалува во голема мера. Во друго време обвивката не е воочлива на спектарот, а може да ги снема дури и оддавните линии.

Општиот каталог на променливи ѕвезди (ОКПЗ) ги категоризира γ Cas-ѕвездите како избувни променливи и ги опишува как о брзовртечки џинови и подцинови од класата B, иако многу од нив се ѕвезди од главната низа. Ова ги разликува од оние Be-ѕвезди кои имаат помал замав и помали сјајносни колебања. ОКПЗ им го дава кодот GCAS.

Механизам γ Cas-променливите важат за врели ѕвезди кои имаат екваторски дискови од ѕвезден материјал кои повремено ги снемува и повторно се составуваат, или пак доживуваат драматична промена во размерот. Веројатно сите тие се вртат доста брзо и највеќето би се класификувале како Be-ѕвезди. Исто така, овие ѕвезди се обвивни барем дел од времето, каде дискот гледан по работ дава мошне тесни впивни линии покрај пошироките фотосферни и можните оддавни линии. Без разлика дали се обвивни ѕвезди според најтесната дефиниција, периодите кога образуваат силни дискови и појавите на зголемена сјајност се нарекуваат обвивни настани.

Примери 27 Големо Куче Бета Мало Куче Плејона

ИмеСоѕвездиеОткриенаПривидна величина (најголема)Привидна величина (најмала)Величински опсегПериодСпектрална класаЗабелешка Гама Касиопеја Касиопеја   1,6 3,0 B0.5 IVe прототипна Капа Големо Куче Големо Куче   3,40 3,97 B1.5IVne   FW Големо Куче Големо Куче   5,00 5,50   Ламбда Паун Паун   4,00 4,26 B2II-IIIe   Фи Персеј Персеј   3,96 4,11  д B2Vpe   Пси Персеј Персеј   4,17 4,36 B5III-Vne   X Персеј Персеј   6,03 7,0 B0Ve воедно и високомасена рендгенска двојка

(видлива величина, освен ако не е означено со (С) (= сино) или (ф) (= фотографска))

Наводи

Литература

Категорија:Видови ѕвезди