Љуба Тома Јовановиќ ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Извесно време слугувал кај поимотни соселани. Потоа работел како рудар во рудникот кај Лојане. Во рудникот се движел во кругот на напредните работници и се вклучил во борбата против окупаторот. Во април 1944 година, тој станал борец во редовите на Третата македонска ударна бригада и учествувал во борбите против непријателот кај Лисец, Султан Тепе, Кратово, Пробиштип и други места. Последната борба ја водел покрај реката Треска во октомври 1944 година, кога загинал во борбата против балистите и Германците.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ