Димона () е град во Израел. Градот се наоѓа во пустината Негев, на околу 30 км југоисточно од градот Бершеба и 35 км западно од Мртвото Море. Административно Димона е дел од Јужниот округ. Според податоците од 2019 година градот имал население од 34.500 жители. На 13 км југоисточно од градот се наоѓа реакторот „Димона“, или Центар за јадрено истражување Шимон Перес.

Етимологија Името на градот како такво било избрано во чест на библискиот истоимен град.Carta's Official Guide to Israel and Complete Gazetteer to all Sites in the Holy Land. (3rd edition 1993) Jerusalem, Carta, p. 136,

Демографија Димона многумина ја опишуваат како „мини-Индија“ за нејзината индиска еврејска заедница од 7.500 жители.Rockets hit `mini-India` town in Israel Zee News, 10 July 2014 Исто така, тој е дом на израелската црно-хебрејска заедница, порано управувана од нејзиниот основач и духовен водач, Бен Ами Бен-Израел, сега починат. Црните Евреи бројат околу 3.000 во Димона, со дополнителни семејства во Арад, Мицпе Рамон и областа Тиверија. Нивниот официјален статус во Израел бил постојан проблем многу години, но во мај 1990 година, ова прашање било решено со издавање на првите В/ 1 визи, а една година подоцна, со издавање на привремен престој. Статусот бил продолжен до август 2003 година, кога израелското Министерство за внатрешни работи дал постојан престој.

Економија Во раните 1980-ти, текстилните погони, како што е „Димона Текстилс“ , доминирале во индустрискиот сектор. Многу погони оттогаш се затворени. Dimona Silica Industries Ltd. произведува таложени полнила за силика и калциум карбонат. Околу една третина од населението на градот работи на индустриски работни места (хемиски постројки во близина на Мртвото Море) и друга третина во областа на услугите. Како резултат на воведувањето на нови технологии, многу работници станале технолошки вишок во последните години, создавајќи вкупна стапка на невработеност од околу 10%. Димона презел дел од сончевата трансформација на Израел. Индустрискиот комплекс Ротем надвор од градот има десетици сончеви огледала кои ги насочуваат сончевите зраци врз кула која пак го загрева котелот со вода за да создаде пареа, активирајќи турбина за создавање електрична енергија.Calif. solar power test begins — in Israeli desert, Associated Press, June 12, 2008. Retrieved December 23, 2008.Israel site for California solar power test, Ari Rabinovitch, Reuters, June 11, 2008.

Географија Димона е локиран во пустината Негев. Градот е на надморска висина од .

Димона има полупустинска клима. Просечната температура е 18.5 °C.

Збратимени градови Димона е збратимен со: Андернах, Германија (1975)

Наводи

Надворешни врски Службено мрежно место

Категорија:Градови во Израел Категорија:Јужен округ (Израел) Категорија:Населени места основани во 1955 година