Хорватово sвонче (науч.: Edraianthus horvatii) — локален ендемски вид растение во Националниот парк Галичица.Lakušić,Godis Biol.Inst.Univ.Sarajevo,26:44-4 (1973)
Опис Ризомот е долг, кос и во горниот дел покриен со остатоци од изумрени листови. Стебленцата издигнати, поретко исправени или полегнати.
Листови На розетата 1-3 x 1–2 mm, од долната страна влакнести, а по работ трепчести и со заострен врв. Листовите на стеблото 1-2 x 1-2mm, одоздола влакнести и по работ трепчести.
Цветови Прицветниците округли, јајцевидни или јајцевидно-копјести, надворешните малку подолги, а внатрешните кратко заострени, 5-10 x 2–3 mm, од надворешната страна влакнести. Чашката 3–7 mm,влакнеста. Венчето сино или сино-виолетово, цилиндрично sвончевидно, 1-1,5 mm долго, слабо, влакнесто.
Плод Најчесто двограден. Семенките јајцевидни, околу 1 x 0,6 mm.
Екологија Екосистемите на планинските пасишта на карбонатни супстрати од редот Astragalo- Acanthometalia Horv. 60, поретко и во заедниците на пукнатини на варовнички карпи од сојузот Ramondion nathaliae Horv.
Распространетост Алпскиот и субалпскиот појас на варовничките планински масиви во јужна Македонија, северна Грција и источна Албанија. Стара Галичица; во околината на „Казанот”, на варовнички карпи. 2080 m (leg. K. Micevski) (MKNH) Стара Галичица; во појас на високопланински пасишта, на варовнички камењари и карпи, 1800–290 m (leg. K. Micevski) (MKNH).
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Ендемска флора на Галичица