(или 2013 ND15) — астероид, привремен тројанец на Венера — првото откриено тело од овој вид околу оваа планета.
Откривање, орбита и физички особености
е откриен на 13 јули 2013 г. од Н. Примак, А. Шулц, Т. Гоџа и К. Чемберс во рамките на проектот Pan-STARRS. До септември 2014 г. бил забележан 21 пат во податочен лачен опсег од 26 дена. Претставува атонски астероид чија голема полуоска (0,7235 ае) е многу слична на Венерината, но има голема занесеност (0,6115) и мал орбитален наклон (4,794°). Со апсолутна величина од 24,1, има пречник од 40 до 100 м (за претпоставено албедо од 0,04-0,20).
Тројанска динамичка состојба и орбитален развој Астероидот следи полноглавечка орбита околу Венерината Лагранжова точка . Освен тоа што е коорбиталец на Венера, овој астероид е марсопресекувач и земјопресекувач. покажува резонантен (или близурезонантен) однос со Меркур, Венера и Земјата. Неговиот краторочен динамички развој е различен од оној на другите три Венерини коорбиталци, , и .
Потенцијално опасен астероид
не се смета за потенцијално опасен астероид бидејќи има апсолутна величина над 22,0, иако периодично се доближува на 0,05 ае од Земјата. Забележан е на растојание од 0,077 ае од Земјата на 21 јуни 2016 г.
Поврзано
Белешки
Претпоставувајќи албедо од 0,20–0,04.
Наводи
Надворешни врски Откривање на стероидот — Центар за мали планети — податоци од Центарот за мали планети
Категорија:Атонски астероиди Категорија:Венеропресекувачи Категорија:Земјопресекувачи Категорија:Венера Категорија:Астрономски тела откриени во 2013 година