Цветан Георгиев Поповски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Како симпатизер на народноослободителното движење, активно се вклучил во него и материјално го помагал. На 17 август 1944 година стапил во борбените редови на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против балистичките банди и германските моторизирани колони во Качаничката Клисура. По ослободувањето на Македонија и по напорните борби за конечното ликвидирање на балистичките банди, сериозно заболел и бил испратен на лекување во воената болница во Скопје, каде подлегнал на тешката болест на 13 март 1945 година. Неговите посмртни останки биле закопани на скопските гробишта.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ