мини|десно|Палада — најголемиот астероид од типот B.

Астероиди од типот B — релативно редок тип на јаглеродни астероиди во рамките на пошироката група C; буквата „B“ означува дека овие тела се спектрално сини. Во астероидното население, а од класата B се среќаваат во надворашниот астероиден појас, а преовладуваат и во високонаклонетото Паладино семејство, каде е сместен вториот по големина астероид 2 Палада. Се мисли дека се примитивни остатоци од првобитниот Сончев Систем, богати со испраливи супстанции. Во Во март 2015 г. биле оознати 65 астероиди од типот B според класификацијата на SMASS, и 9 такви според Толеновата класификација.

Особености Овие астероиди се начелно слични на телата од типот C, но се разликуваат од нив по тоа што ултравиолетовото впивање под 0,5 μм е мало или отсуствува, а спектар е повеќе синкав отколку црвеникав. Албедото е поголемо отколку кај типот C, кој е обично многу потемен. Спектроскопското иследување на класата B укажува на површински состав од безводни силикати, хидрирана глина минерали, органски полимери, магнетит и сулфиди. Најслични на астероидите од типот B се јаглеродните хондритни метеорити благо загреани во лабораторија.

Највеќето астероиди кај кои е збележана кометовидна активност се од типот B. 1. Introduction: "the majority of asteroids that have been observed to display cometary-like activity are B-types" Некои од овие тела упатуваат на измени под дејство на вода во минатото, кога може да содржеле значителни количества на воден мраз.

Добро проучени примери мини|Астероидот Бену сликан од OSIRIS-REx на далечина од 24 км.

Астероидот 101955 Бену е тело од типот B чие проучување е цел на мисијата OSIRIS-REx. Мисијата настојува да изработи карта површината, со со чија помош ќе се проучува Јарковскиевиот ефект, и во 2023 г. да донесе примерок на Земјата. Леталото е пуштено во 2016 г. и се наоѓа на Бену уште од 2018 г.

Други астероиди од типот B се:

2 Палада 24 Темида 47 Аглаја 59 Елпида 85 Ија 88 Тизба 142 Полана 213 Лилеја 241 Германија 282 Клоринда 335 Роберта 372 Палма 383 Јанина 431 Нефела 531 Церлина 541 Дебора 555 Норма 560 Далила 702 Алауда 704 Интерамнија 767 Бондија 895 Хелио 1021 Фламарио 1331 Солвејг 1474 Беира 1484 Пострема 1539 Борели 1655 Комас Сола 1705 Тапио 1724 Владимир 2382 Нони 2446 Луначарски 2527 Грегори 2629 Рудра 2659 Милис 2708 Бернс 2772 Дуган 2809 Вернадски 2816 Пјен 2973 Паола 3000 Леонардо 3074 Попов 3200 Фаетон 3566 Левитан 3579 Рокхолт 3581 Алварес 3627 Сејерс 3647 Дермот 4124 Хериот 4396 Гресман 4686 Мајсика 4997 Ксана 5079 Брубек 5102 Бенфренклин 5133 Филипадамс 5222 Јофе 5234 Сеченов 5330 Сенрикју 5344 Рјабов (5690) 1992 EU 6500 Кодаира (7753) 1988 XB

(65679) 1989 UQ

Поврзано Спектрална класификација на астероидите

Наводи

B