Јосип Димитар Пугел ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Завршил основно училиште. Војната и окупацијата на Македонија му го попречиле натамошното образование. Така станал општ работник. Во народноослободителното движење се приклучил и активно учествувал во подготовките за оружено востание. Учествувал во диверзантските акции против окупаторот. Во септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил борец на втората чета, на третиот баталјон. Во бригадата спаѓал меѓу најмладите нејзини борци. Бил учесник во борбите против балистите и Германците, во околината на Скопје. Посебно се истакнал во акциите и борбите против непријателот на железничката линија Зелениково - Драчево. Учествувал во борбите за ослободување на Велес, а потоа и на Скопје. На 14 ноември 1944 година, храбро загинал во една борба против балистичките банди кај Сарај.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје