Цариградски Вилает или Истанбулски Вилает или Истанбулски Вилает (, ) ― административна единица (вилает) од прво ниво на Отоманската Империја, опфаќајќи ја императорската престолнина Цариград (Истанбул).

Имал посебна организација, бидејќи бил под непосредна надлежност на министерот за полиција (Забтије назири; заптија), кој исполнувал улога еднаква на валијата во другите вилаети.

Вилаетот го вклучувал Цариград (Стамбол; внатрешниот град, на турски јазик познат како Истанбул) и квартовите Ејуп, Касим Пача, Пера и Галата и сите предградија од Силиври на Мраморното Море до Црното Море на европската страна и од Гили на Црното Море до крајот на Измитскиот Залив од азиска страна.

Во 1878 година, била создадена покраинска структура, со валија и покраински службеници за извршување на истите функции во Цариград што покраинските власти ги извршувале на друго место во Империјата.

Административни единици Санџаци и кази, околу 1877 година:

Стамболски Санџак: кази Фатих-Султан-Мехмет, Ејуп, Картал, Принцевски Острови. Перски Санџак: кази Галата, Јениќој. Скутарски Санџак: каза на Бејкоз. Бујукчемечки Санџак, каза Чаталџа.

Демографија

Население на Цариградскиот Вилает во 1914 г. Место Муслимани Удел Православни Удел Ерменци Удел Евреи Удел Останати Удел Вкупно Фатих (центар) 279.056 72,1 % 64.287 16,6 % 28.095 7,3 % 13.441 3,5 % 2.013 0,5 % 386.892 Бакирќој 28.967 61,8 % 11.221 23,9 % 5.954 12,7 % 364 0,8 % 390 0,8 % 46.896 Адалар 1.586 14,3 % 8.725 78,7 % 652 5,9 % 79 0,7 % 45 0,4 % 11.087 Бејоглу 117.267 44,9 % 75.971 29,1 % 30.642 11,7 % 31.080 11,9 % 6.135 2,4 % 261.095 Усќудар 70.447 63,1 % 19.832 17,8 % 13.949 12,5 % 6.836 6,1 % 579 0,5 % 111.643 Гебзе 26.220 81,6 % 5.856 18,2 % 47 0,2 % 0 0,0 % 21 0,1 % 32.144 Картал 8.257 45,0 % 6.862 37,4 % 3.216 17,5 % 13 0,1 % 0 0,0 % 18.348 Бејкоз 14.466 77,0 % 3.708 19,7 % 325 1,7 % 292 1,6 % 1 0,0 % 18.792 Шиле 14.168 61,4 % 8.913 38,6 % 0 0,0 % 0 0,0 % 0 0,0 % 23.081 Вкупно 560.434 61,6 % 205.375 22,6 % 82.880 9,1 % 52.126 5,7 % 9.163 1,0 % 909.978 Ерменци: 72.962 апостолски и 9.918 католици. Вилаетот имал вкупно 1.213 протестанти и 387 гркокатолици.

Поврзано Историја на Истанбул

Наводи

Категорија:Држави и територии распаднати во 1922 година Категорија:Држави и територии настанати во 1867 година Категорија:Вилаети на Отоманското Царство во Европа Категорија:Вилаети на Отоманското Царство во Анадолија