Драгутин Андонов Тасевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Израснал во сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа изучил кројачки занает. Во 1942 година, бил регрутиран во окупаторската бугарска фашистичка војска. Во април 1944 година, тој се вратил на отсуство и тоа го искористил за да стапи во редовите на НОВ и ПОЈ. Станал борец во Треттата македонска ударна бригада и учествувал во нејзините борби кај Ристовац и Табановце. По овие борби, тој се повлекол во Куманово. Во септември истата година, повторно се вратил во бригадата. Бил учесник во нејзините борби кај Страцин, како и во селата од велешкиот терен и други борби. На 9 октомври 1944 година, во борбата кај селото Шишево против балистите и Германците, тој го изгубил својот живот.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ