Борис Спасев Танковски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Израснал во сиромашно селско семејство. Основното училиште завршил во родното село, а потоа се занимавал со земјоделство. Во октомври 1944 година, стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Учествувал во сите нејзини борби против балистите на Китка и Водно. По успешните акции и борби против непријателот на овој терен, учествувал во Битката кај Треска. Во почетокот на ноември 1944 година, храбро загинал во една битка на падините на Водно.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје