Киро Стојанов Теофиловски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од сиромашно семејство. Основно и две години занаетчиско училиште завршил во родниот град, а потоа работел како столар. За време на фашистичката окупација на Македонија, бил симпатизер на народноослободителното движење. Во Дванаесеттата македонска ударна бригада стапил во 1944 година и учествувал во нејзините битки против балистичките банди на падините на Водно, кај селата Глумово, Матка и други места. Само неколку денови пред нападот на македонските воени единици на Скопје, храбро загинал во една борба против балистите кај Бел Камен. Неговите останки биле закопани на скопските гробишта.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје