Цане Ефремов Митровски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.
Животопис Потекнувал од крајно бедно земјоделско семејство. По завршување на основното четиригодишно училиште помагал на своите родители во одгледување стока и земјоделие. За време на окупацијата контактирал со понапредни луѓе, преку кои се запознал со народноослободителното движење. Изразил желба ѝ тој да се приклучи кон ова големо револуционерно дело. Па, така на 15 септември 1944 година, кога со група свои другари од селото пристапил во Месната команда во Кратово, а подоцна и во редовите на Седумнаесеттата македонска ударна бригада. Во борбите што ги водела бригадата крај селото Дренок, Варовиште и други места, тој покажал пример на лична храброст и пожртвуваност. Во една борба, крај селото Канарево, Кумановско, тој бил ранет. Во борбите во близината на Гнилане, на 30 декември 1944 година, тој загинал.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ