Шортенс () — град во округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Шортенс станал град во 2005 година и сега е втор најголем град по Фарел во округот.

Географија

Шортенс се наоѓа во областа Јеферланд на Источнофризискиот Полуостров, на раб на мочуриште.

Соседни општини

Шортенс на северозапад се граничи со Јефер, на север со општината Вангерланд, на исток со слободниот град Вилхелмсхафен, на југ со општината Занде и на југозапад со општината Фридебург, која припаѓа на округот Витмунд.

Градски единици

Градот се состои од дванаесет градски единици: Шортенс, Хајдмиле, Графшафт, Акум, Зиленштеде, Шост, Рофхаузен, Миделсфер, Адернхаузен, Естрингфелде, Остим и Упјефер.

Местата Шортенс, Хајдмиле, Естрингфелде и Остим го образуваат градското јадро од околу 13.000 жители.

Клима

Шортенс е под влијание на Северното Море.

Историја

Гробови откриени при ископувања во 1970-тите години означуваат постоење на рани човечки населби во областа на Шортенс уште во век.

Во 1158 година, Шортенс бил првпат споменат како „Скротин“ во документ од папата Адријан IV. Подоцна, името било променето во „Скротинге“. Во 1400 година, местото било наречено „Шортензе“.

Црквата „Св. Стефан“ во Шортенс била изградена по 1153 година како последица на победата на Естрингер.

Во средниот век, манастирот Естрингфелде бил познат по одгледување на коњи.

Во текот на втората половина на 1900-тите, поморската база Вилхелмсхафен придонела силно кон развој на градот. Многу работници се населиле во идниот град Шортенс, а железничката линија до Јефер, воспоставена во 1871 година, исто така придонела за развој на градот. По крајот на Втората светска војна, производството на воени бродови престанала и скокнала стапката на невработеност. Од 1946 година, бран на бегалци од поранешните германски територии го зголемиле населението.

Во 1936 година била отворена воздухопловната база Упјефер, која и денес се користи.

Шортенс добил градски права на 21 јануари 2005 година.

Политика Градски совет

Градскиот совет се состои од 32 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 15.001 и 20.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 9. Dezember 2011. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:Stadt Schortens – Stadtratswahl 2016, abgerufen am 4. November 2016.

Партија Удел Места Разлика (гласови) Разлика (места) SPD 36,56 % 12 - 2,52 % - 1 CDU 28,18 % 10 + 2,04 % + 1 Grüne 11,02 % 4 - 1,14 % 0 FDP 6,15 % 2 + 2,35 % + 1 UWG 5,15 % 2 + 3,86 % + 1 WFF 12,91 % 2 + 12,91 % + 2

Градоначалник

Моментален градоначалник на Шортенс е независниот Герхард Белинг.

Збратимени градови

Шортенс е збратимен со следниве градови:

Наѓбајом, Унгарија (од 1993 г.) Пјешице, Полска (од 2004 г.)

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фризија (округ)