Хекуба (старогрчки: Ἑκάβη = „онаа која се оддалечува“) — лик од старогрчката митологија, втората сопруга на тројанскиот крал Пријам, ќерка на Димант од Фризија. Според еден мит, таа била претворена во куче чиј скаменет лик може да се види на тракискиот брег. Според друг мит, по пропаста на Троја, таа му припаднала како робинка на Одисеј и тогаш од очај скокнала во Хелеспонт. Според трета верзија, посакувајќи ја својата смрт, таа се нафрлила на Елена со страшни навреди, па војниците ја убиле, а местото каде што ја закопале го нарекле Кучешки гроб.„Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 165. мини|Ликот на Хекуба на Promptuarii Iconum Insigniorum
Наводи
Категорија:Старогрчка митологија Категорија:Ликови од старогрчката митологија Категорија:Личности од Тројанската војна